На 10.05.2024 во 19.30 часот во Куманово полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од СВР Куманово, ги лишиле од слобода Ф.Т.(29) и М.С.(18) од Куманово, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана. Подоцна, при претрес во домот на Ф.Т., извршен со судска наредба, бил пронајден кокаин и семки од канабис. Ф.Т. и М.С. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.