Раководител на здравствена институција беше приведен под сомнение за примање поткуп. Според информации од ТВ21, станува збор за директорот на специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи. Арифи, заедно со посредник, наводно побарале и примиле поткуп од 20.000 евра за да овозможат сместување на пациент кој е болен и неподвижен во геријатриска установа. Обвинителството ја потврди оваа информација, но не го објавија името на инволвираните. „Во спроведена акција во соработка меѓу Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи, беа приведени две лица кои се осомничени за примање поткуп и награда за противзаконско влијание. Процесот продолжува за целосно разјаснување на случајот“, изјавија од ОЈО за ТВ21. Министерството за внатрешни работи, исто така, го потврди овој случај. Арифи беше именуван за директор во јуни 2023 година.
The post Апсење на директор на здравствена установа и посредник поради примање поткуп appeared first on 365.mk.