Министрите на земјите членки на Арапската лига одлучија да им дозволат на земјите членки да ги вооружуваат сириските сунитски бунтовници против алавитот претседател Башар ал-Асад и ја повикаа вооружената сириска опозиција да го преземе местото коешто порано го заземаше претставникот на официјален Дамаск.Претходно Арапската лига декларативно истакнуваше дека сириската политичка опозиција и бутновниците треба да се придржуваат до хуманитарното право и дипломатските средства, но во реалноста некои земји членки од самиот почеток ги вооружуваа сириските бунтовници, а според Дамаск и ги поттикнува да го започнат вооружениот бунт.Конечната изјава објавена по заклучувањето на министерскиот состанок на Лигата во египетската престолнина Каиро во средата навечер, меѓутоа, наведува дека го „истакнале правото на секоја држава по својата желба да ги нуди сите видови средства за самоодбрана, вклучувајќи ги и воените, како би го поддржале отпорот н асирискиот народ и Слободната сириска армија (FSA), пренесува Reuters.Иницијативата против Сирија којашто беше 22-та членка на Лигата, ја предводеше Катар, кого Дамаск од почетокот го обвинува за директна вмешаност во конфликтот во земјата, меѓутоа одлуката во средата не е донесена едногласно. Либан, Ирак и Алжир одбиле да прифатат делови од завршната изјава за СиријаГенералниот секретар на Арапската лига, Набил Елараби, на конференцијата за медиумите рекол дека министрите ја повикале опозициската Сириска национална коалиција д го заземе сириското место во Лигата коешто го заземаше Сирија до суспендирањето пред две години Изјавата ја повикува коалицијата да избере претставник за состанокот на Арапската лига којшто ќе се одржи во катарската престолнина Доха на 26-ти и 27-ми март.
МакфаксМинистрите на земјите членки на Арапската лига одлучија да им дозволат на земјите членки да ги вооружуваат сирис