Арбен Таравари е претседателскиот кандидат на опозициските партии на Албанците


Ваквата одлука, како што пренесоа ТВ Алсат и ТВ 21, била официјализирана вечерва на заедничка средба на партиските лидери од „Европски сојуз за промени“. Одлуката аРБЕН Таравари да биде претседателски кандидат на опозициските партии на Албанците сè уште не е официјално потврдена

Актуелниот претседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, е кандидатот кој опозициските партии на Албанците обединети во коалицијата „Европски сојуз за промени“ ќе го номинираат на претседателските избори на 24 април, објавија вечерва ТВ Алсат и ТВ 21, повикувајќи се на свои извори.

Арбен Таравари, актуелен претседател на Алијанса за Албанците

Ваквата одлука, како што пренесоа двете телевизии, била официјализирана вечерва на заедничка средба на партиските лидери од „Европски сојуз за промени“. Одлуката Таравари да биде претседателски кандидат на опозициските партии на Албанците сè уште не е официјално потврдена.

Претходно денеска, лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, чија партија е дел од тројката опозциски партии на Албанците, објави дека името на претседателскиот кандидат со кој на изборите на 24 април ќе настапи коалициајта е веќе познато, а во наредните денови ќе биде и јавно објавено. Додаде дека се работи за човек кој ги надминува етничките и политичките граници во земјава.

За можен претседателски кандидат на опозицискиот блок на Албанците името на Таравари се споменуваше уште од средбата која тој заедно со лидерите на „Европскиот сојуз за промени“ ја оствари со косовскиот премиер Албин Курти во Приштина на крајот на јануари годинава. Подоцна тој изјави дека не е заинтересиран за такво нешто.

Инаку, Арбен Таравари е актуелен градоначалник на Гостивар и претседател на Алијанса за Албанците.

Неговиот неодамнешен повик до партиските тела да го поддржат во одлуката за заеднички изборен настап на Алијанса за Албанците со опозициските партии на Албанците, направи раздор во партијата.

За разлика од него, поранешниот партиски лидер и актуелен претседател на Централното собрание на Алијанса, Зијадин Села, смета дека партијата треба да оди сама на изборите. Разидувањето во ставовите меѓу Таравари и Села се преслика и меѓу министрите и пратениците од оваа партија што, пак, доведе до разрешување на министрите Фатмир Меџити и Азир Алиу кои застанаа зад Таравари.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: