Аргентина го замоли папата да посредува околу Фолкланд

Претседателската на Аргентина, Кристина Фернандес ја информираше јавноста дека од новиот папа Франсиск побарала помош во долгогодишното решавање на спорот кој Аргентина го води со Велика Британија за Фолкландските острови.Фернандес на новинарите им кажа дека го замолила новиот папа да посредува во „унапредувањето на дијалогот“ за островите, на кои Аргентина полага право и ги нарекува Малвински острови.Минатата недела британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека не се согласува со погледите на папата, кога станува збор за Фолкландските острови. Папата Франсис, роден во Аргентина, наводно како надбискуп во Буенос Аирес рекол дека Британија „незаконски ги присвоила“ оддалечените острови.Папата се уште не одговори на молбата на арентинската претседателка. Претходно на референдум жителите на островото со 99,8 отсто гасови се изјаснија дека остануваат дел од британската територија.
МакфаксПретседателската на Аргентина, Кристина Фернандес ја информираше јавноста дека од новиот папа Франсиск побарала помош

Пронајдете не на следниве мрежи: