Аргентинците на француската петиција одговорија со своја – доста плачете собра пола милион!

Французите вчера започнаа петиција за да се преигра финалето на СП во Катар после поразот на пенали од Аргентина, па не требаше многу да следи одговор од Јужноамериканците, кои започнаа своја петиција и сега имаат двојно повеќе потписи од француската.

Аргентинската петиција е „да прекине плачењето на Французите“ и на него се потпишаа безмалку пола милион луѓе, двојно повеќе од француската која набрзина собра 200.000, но заглави на 220.000.

„Откако го освоивме СП, Французите не престанаа да плачат. Не може да прифатат дека Аргентина е светски првак. Оваа петиција е направена за конечно да сфатат дека треба да престанат да плачат и да прифатат дека Лео Меси е најдобриот во историјата“, стои во петицијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.