Арктичкиот поларен круг најверојатно во следните неколку децении нагло ќе зазелени, додека ледените плочи на Антарктикот ќе се шират, како последица на глобалното затоплување, покажаа две одвоени научни студии.На арктичкиот поларен круг, сè повеќе расте трева, грмушки и дрвја, потискувајќи го мразот, се наведува во студијата објавена во „Nature climate change“.Шумовитите области на Арктикот би можеле да се прошират дури за 52 отсто до 2050 година, додека „линијата на дрвјата“ – максималната до која растат дрвја, би можела да се прошири уште стотици километри на север, покажува компјутерската симулација изработена врз основа на студијата.Ваквото ширење на арктичката вегетација би можело да има големо влијание врз топењето на мразот и глобалниот екосистем“, изјави Ричард Пирсон од американскиот музеј на Центарот за историја на природата.Независна студија, спроведена од страна на холандски научници, покажа дека на Антарктикот, второто место кое предизвикува загриженост заради глобалното загревање, се прошируваат ледените плочи, пренесува АФП.Водата која протекува преку Антарктикот, создава студен заштитен „капак“ за ледените плочи, бидејќи е слатка, за разлика од морската која е погуста, објави холандскиот Кралски метеоролошки институт.
МакфаксАрктичкиот поларен круг најверојатно во следните неколку децении нагло ќе зазелени, додека ледените плочи на Антарктик