Новак Ѓоковиќ дефинитивно не е во посакувана форма и не може да пронајде континуитет во својата игра, нешто што го покажа и во првиот свој настап на Мастерсот во Мадрид.
По раните елиминации на Мастерсите од серијата 1000 во Индијан Велс и Монте Карло, Ноле ќе продолжи да го бара вистинскиот ритам и по Мастерсот во Мадрид, каде денеска беше елиминиран во воведната рунда.
Србинот сигурно не памети кога последен пат бил елиминиран во воведното коло на три големи турнири во низа, а овојпат како непремостлива пречка се покажа Матео Арналди кој ја оствари најголемата победа во својата кариера.
Младиот Италијанец го победи својот идол на централниот терен во шпанската престолнина и славеше со 6:3 и 6:4, пред се воден од добриот сервис, но и од низата големи грешки на фаворитот.
Новак беше непрепознатлив за свои стандарди и имаше дури 32 неизнудени грешки, што доволно говори дека се уште е далеку од посакуваната форма на земјена подлога во самата завршница од подготовките за Ролан Гарос.
The post Арналди го победи својот идол Ѓоковиќ и приреди нов шок за Србинот appeared first on 365.mk.