Арнаутовиќ разговара со Самарџиќ за голот во микс зоната

Фудбалскиот дуел меѓу Србија и Австрија заврши нерешено, 1:1, во првиот натпревар за опстанок во А дивизијата на Лигата на нации, а двата постигнати гола беа вистински мајсторија. За српскиот тим единствен погодувач беше Лазар Самарџиќ, кој во 61. минута на спектакуларен начин го израмни резултатот.
Токму тој фантастичен погодок предизвика необична ситуација во микс зоната, каде што Марко Арнаутовиќ и Лазар Самарџиќ станаа центар на вниманието. Во моментот кога Лазар беше подготвен да даде изјава, Арнаутовиќ му се обрати на српски јазик и му рече: „Ајде, сега кажи како даде гол“.
The post Арнаутовиќ разговара со Самарџиќ за голот во микс зоната appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: