Акциската ѕвезда три часа бил задржан на аеродромот во Минхен бидејќи не пријавил скап часовник кој требало да се најде на аукција.
Актерот, политичар и активист во борбата против климатските промени си ги плати даноците, но дури по бројни компликации.
- Кривичен ја одби жалбата на одбраната на Артан Груби за мерката притворКривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба- прочитај повеќе
- Срамота е ова што го прават трговците пред празниците !Премиерот Христијан Мицкоски денеска апелираше до трговците да го преиспитаат- прочитај повеќе
- Светот не е подготвен за хаосот што ќе се случи! Масивна вулканска ерупција се приближува? Тоа би го променило лицето на ЗемјатаВо 1815 година, индонезискиот вулкан Тамбора ја имаше најмоќната вулканска ерупција во запишаната историја. Таа- прочитај повеќе
- Хезболах не знаел дека купува пејџери од Израел?Двајца поранешни припадници на Мосад за американската телевизија „Си-би-ес Њуз“ (CBS- прочитај повеќе
- Новиот филм на Кристофер Нолан ќе се базира на адаптацијата на епската „Одисеја”,Прикажана во јули 2026 година.Новиот филм на режисерот Кристофер Нолан ќе се заснова на адаптацијата- прочитај повеќе
Со неработење на машината за картички, затворена најблиската банка и прениски лимити за подигање готовина, 76-годишникот, кој се прослави со улогата во блокбастерот „Терминатор“, мораше да чека цариниците да донесат нова машина, изјави изворот.
Портпаролот на актерот изјави за германскиот весник „Билд“ дека инцидентот на аеродромот е „комедија на грешки што може да направи многу смешен полициски филм“.
Билд пишува дека Шварценегер „многу смирено ја сватил непријатноста“, а на фотографијата што ја објавиле се гледа насмеан Шварценегер со куќиште за часовник на кое пишува „За Австрија“.
Локалните медиуми јавуваат дека часовникот го изработил познатиот часовничар Audemars Piguet според раката на Шварценегер и дека може да достигне цена од неколку стотици илјади долари.
Планирано е часовникот да се продава на аукција на хуманитарна вечера организирана од иницијативата за климатски промени на Шварценегер во четврток во австрискиот град Кицбил, на околу 90 километри од Минхен.
Почетната цена на часовникот е 50.000 евра.
На аукциската листа, до која дојде весникот Билд, се наведува дека има само 20 такви часовници и дека има фотографија од Шварценегер во карактеристична поза со натпис Arnold Classic.
Покрај часовникот, на аукцијата ќе се најдат и уметнички дела, како и потпишани спортски и филмски предмети.
Пронајдете не на следниве мрежи: