Арсенал го договори трансферот на Леандро Тросар од Брајтон за 27 милиони фунти, па сега белгискиот фудбалер треба да ги помине медицинските прегледи пред да биде промовиран во новата екипа.
„Топчиите“ ја загубија битката со Челси за Михајло Мудрик, но веднаш најдоа алтерантива и добиваат еден од најдобрите фудбалери на Брајтон во првиот дел од сезоната.
Тросар може да игра на неколку позиции, иако најдобра му е таа како лево крило, а треба да се спомене дека досега постигна 25 гола и 13 асистенции на 116 меча за Брајтон во Премиерлигата.