Арсенал оружје пронајдено во Богомила, приведено едно лице

Дваесетгодишниот Б.Ј е приведен вчера откако при полициски претрес во неговиот дом било пронајдено арсенал оружје.

Инспектор нападнал началник во ОВР Радовиш – доби кривична пријава и суспензија
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од …
САД: ПОЖАРОТ ПОДМЕТНАТ?! Полицијата во Лос Анџелес уапси пироман, истрагата доби шокантен тек!
Пожарот во Кенет во Лос Анџелес сега се истражува како случај на подметнување пожар, а едно лице е уапсено, потврди полицискиот оддел на Лос Анџелес.Пожарот Кенет е само еден од петте шумски пожари кои моментално …

„На 17.12.2023 во 07.30 часот во село Богомила, велешко, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода Б.Ј.(20) од село Богомила. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени ловечка пушка, две воздушни пушки и неколку патрони за ловечка пушка, кои ги поседувал без дозвола“, информираат од МВР.

Известен бил јавен обвинител, а лицето било приведено во полициска станица. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.