Арсенал остана без важен играч пред самиот почеток на важниот натпревар против Сити

Голем број на извори од Англија пренесуваат дека Микел Артета нема да може да смета на Томас Парти против Манчестер Сити, фудбалерот од средниот ред поради повреда ќе го пропушти дуелот кој може многу да влијае врз битката за титулата.

Арсенал вечерва го пречекува Манчестер Сити, многумина сметаат дека ова е најважниот натпревар во Премиерлигата од почетокот на сезоната.

Но на само неколку часа пред дербито пристигнаа лоши информации за „топчиите“, голем број на извори објавија дека Томас Парти поради повреда ќе го прескокне дуелот.

Фудбалерот од Гана вчера трнираше со останатиот дел од тимот, но попладнево се појави информации дека тој во последен момент отпаднал од комбинација поради повреда на мускул.

Пронајдете не на следниве мрежи: