Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска го повика градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на ТВ дуел за да ги соочат аргументите откако Ѓорѓиевски соопшти дека долгот на Градот е над 300 милиони евра, а 500 луѓе не доаѓале на работа, а земале плата.
– Ајде градоначалник да ги објавиш сите фирми со долг по институција, со фактури и датуми од кога им се должи за да знае народ дека лажеш. Исто и со име и презиме да ги објавиш сите 500 вработени и кој од кога не одел на работа, и таму да се види дека лажеш. Три години за корка леб сите кои одеа на работа ти ги избрка да направиш место за своите партиски војници, напиша Арсовска на Фејсбук.
ТВ Дуелот, како што пишува, би се одржал на медиум по избор на Ѓорѓиевски.
– Ако сакаш како МАЖ да соочиш аргументи, ајде на дебата на ваш медиум по избор, па ќе си раскажеш таму и за долг и за вработени во Скопје и во Кисела Вода, каде што има кој да ти врати со факти наспроти твоето лажење, пишува Арсовска.
Пронајдете не на следниве мрежи:



