МВР одбива да ги прими пријавите за физичкиот напад врз советничката Ирена Витина, објави на Фејсбук градоначалничката Данела Арсовска.
– Уште еден ден во Македонија. Само да знаете каде живеете. МВР вчера одбиваше да ги прими пријавите од град Скопје за ФИЗИЧКИОТ НАПАД од нивниот службеник ВРЗ ЖЕНА.
Никој не излезе со осуда за физичкиот напад врз Ирена Витина извршен од страна на полициски службеник кој беше фатен при изградба и незаконско приклучување на мрежата на ЈП Водовод и канализација Скопје. – напиша Арсовска на Фејсбук.
