Немам намера да укинам бесплатен превоз за студенти. Прашајте ги сите функционери што и како реализирале, истакна на денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
– Проблемот за ЈСП е комплициран, Владата има осум милиони евра долг кој не го плаќа, други години имало дотации од 15 милиони евра, сега четири години нема дотации од Влада и ние функционираме со зголемена цена на енергенси. Јас во овие години направив над 800 проекти, тоа што некој не сака да ги види и чуе, тоа што има градоначалници кои со 2% реализирана програма, а лажат дека имаат 90% реализација, тоа е нивна маана, а се им е перфектно и прекрасно и советот им ги гласа сите одлуки. Кога ќе ги прашате нив за оставка, можете да ме прашате и мене, истакна Арсовска.
– Зошто не прашате што реализирале градоначалниците, зошто има ѓубре во Тетово, зошто советниците на гласаат одлуки, зошто се блокира работата на Градот? – вели Арсовска.
На прашањето дали ќе се укине бесплатниот превоз за студентите Арсовска истакна дека нема намера да го стори тоа и дека студентскиот стандард ќе се задржи без разлика дали Владата ќе си ги подмири обврските за тоа или не.
Пронајдете не на следниве мрежи: