Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска почнува со постапка за да го врати споменикот на Андон Јанев – Ќосето (1855-1953).
Таа доставила барање до Општина Центар да се даде согласност за почнување постапка согласно која би почнала процедурата за враќање на споменикот на истата локација од која беше тргнат.
Имено, овој споменик во февруари 2018 беше отстранет по налог на тогашниот градоначалник Петре Шилегов, бидејќи бил дивоградба, а тогаш Шилегов посочи дека градежниот инспекторат на Општина Центар извршил увид на фактичката состојба и утврдил дека инвеститорот Град Скопје нема решение за поставување на овој споменик.
Неколку месеци по стапување на функција, Арсовска кажа дека ќе го врати овој споменик, а додаде и дека со нејзиниот тим го барале но истиот не можеле да го најдат.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.