Арсовски го праша Костадинов: зошто се дадени лиценци за Марихуана периодов, на фирми од Струмица

Арсовски го праша Костадинов: зошто се дадени лиценци за Марихуана периодов, на фирми од Струмица

Димче Арсовски, потпаролот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва на „Само Вистина“ јавно го запраша Костадин Костадинов за лиценците дадени за марихуана во време на вонредна состојба.

„Верувам дека седум дена имаше прилика да се распрашаш и да се запознаеш со случајот и уште еднаш би сакал да те прашам бидејќи седум дена молчи вашата пи-ар служба, вашата партија, вашите функционери, Владата молчи. Еве да те прашам уште еднаш дали праша поради која причина, зошто била задолжена владата да даде две лиценци на веќе познати фирми од струмичко“, го запраша Арсовски соговорникот Костадинов.

Кој функционер на ДПМНЕ од Струмица барал сексуални услуги за завршена работа?

Притоа Арсовски потсети дека едната фирма е на Тони Котев претседател на СДСМ, Ново Село, и добил лиценца за одгледување на марихуана во време на вонредна состојба. Втората фирма е каде што менаџер е исто роднина на Тони Котев, и воедно и син на осуден градоначалник за шверц со цигари и близок пријател на Зоран Заев, Боро Стојчев.

„Еве имаш прилика на јавноста да и објасниш дали ова е грижа за здравјето на граѓаните, каде што наместо да се грижите за здравјето на граѓаните и да се обидете да ја намалите пандемијата, вие делите лиценци за одгедување на марихуана. Очигледно во моментов дека бизнисот со канабис е поважно од здравјето на граѓаните“, истакна Арсовски.

Преземено од КУРИР

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.