АРТАН ГРУБИ САМОУВЕРЕНО: СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ СЕ НЕРВОЗНИ ЗАШТО ЗНААТ ДЕКА ТОА ШТО ДУИ ЌЕ НАУМИ – ТОА И РЕАЛИЗИРА
Во интервју во Дневникот на „Сител“, Артан Груби одговори на реакциите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за идејата за прв премиер етнички Албанец – односно нивното инсистирање премиер да биде Зоран Заев/Христијан Мицкоски, оценувајќи дека двете најголеми македонски политички партии реагирааат затоа што знаат дека тоа што ДУИ го ветува – и го исполнува:
„Двете најголеми македонски политички партии не беа воодушевени од предлогот затоа што знаат дека тоа што ДУИ го ветува или што го проектира – го реализира, а тоа значи дека ниту еден од кандидатите на тие партии нема да биде премиер, туку ќе биде личноста која ќе ја предложиме ние. Затоа видовме нервозни реакции од двете македонски партии. Знаат дека тоа што ќе го науми ДУИ – тоа го реализира, тоа што ќе го вети – и ќе го направи и ќе го оствари“, рече Груби.
Според него, државава ги надминала сите предрасуди и се покажало дека кога со институциите менаџира некој што ДУИ би го предложил или поддржал, тие институции функционираат најдобро.
„Тоа се виде и со претседавањето за првпат на Албанец на Собранието на РСМ, кога ги постигнавме најголемите успеси како држава – членка сме на НАТО, добивме датум за преговори со ЕУ, го сменивме Уставот, направивме договори со соседите и сме во најдобра позиција од сите земји во регионот. Сметаме дека е дојдено време да се надмине и последната предрасуда, а тоа е да се избере Албанец за премиер на државава. Сметаме дека ќе дадеме придонес за кохезијата во општеството и за надминување на сите можни пречки во еднаквоста на граѓаните“, рече Груби.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.