(Архива) Јанушев: Граѓаните не ни дале право за менување на Уставот

(Архива) Објавено на 29 март 2023

-Уцената не е од Европска Унија, туку е од Бугарија. Никогаш од постоењето на ЕУ до денес, на ниту една држава не ѝ било дозволено билатерален спор да се внесе во рамката за преговори, а нашата Влада тоа го дозволи. Дозволи во вториот договор со Бугарија да им се дозволи, по завршување на комисијата, додека сѐ не се имплементира, Бугарија да го има тоа право, од учебници, до не знам што уште не“, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во вечерашното гостување во емисијата „За или Против“ на Телевизија Алфа.
Тој посочи дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ го има како став за уставните измени воопшто не го смета за драматично, доколку се штити сопствената држава и сопствениот народ.
„Граѓаните не им дале право на пратениците да го менуваат Уставот за било кое прашање што е надвор од партиските, изборните програми, владините програми со кои сме ја добиле довербата да ги претставуваме. Непризнавањето на легитимитетот се однесува на премиерот затоа што тој не излезе на избори и нема мандат исто како што Собранието единствено го црпи легитимитетот од пратениците кои го црпат својот легитимитет од народот и од гласањето. Ако јас излезам на избори и кажам едно, а пробам да направам сосема друго, како што власта правеше со двојазичните униформи, промената на името, преспански договор… тогаш тоа го руши легитимитетот“, кажа Јанушев.
Тој е дециден дека 44 проценти од граѓаните кажуваат дека во моментов имаме полоша меѓународна позиција од пред 12 месеци и тоа е фрапантна бројка.

А во продолжение мислењето на Јанушев денес:

Пронајдете не на следниве мрежи: