Асад подготвен за преговори со невооружената опозиција

 Подготвен сум за дијалог со невооружената опозиција и немам намера да поднесам оставка, вели сирискиот претседател Башар ал-Асад во разговорот за весникот Sunday Times.„Подготвен сум да разговарам со сите, вклучувајќи ги и припадниците на милитантните групи кои ќе го положат оружјето. Ние можеме да преговараме со опозицијата, но не можеме да преговараме со терористите“, рекол претседателот Башар ал-Асад во разговорот снимен минатата седмица во сириската престолнина Дамаск.Кон крајот на февруари, во текот на својата посета на Москва, сирискиот министер за надворешни работи  Валид ал-Муалем првпат спомена дека сириските власти се подготвени за преговори со бунтовниците за ставање крај на двегодишните судири во земјата во кои според процените на Обединетите нации загинале најмалку 70 илјади луѓе. Опозицијата, пак, од своја страна ги отфрли сите варијанти за преговори доколу претседателот Асад не замине од функцијата.„Ниеден патриот не може да си го замисли животот надвор од својата земја, Јас сум како и другите родољуби“, рекол Асад.Според него заминувањето од власта нема да ја реши кризата во земјата. „Доколку тој аргумент е точен, тоа би значело дека борбите би престанале истиот момент кога јас нема да бидам на власт. Тоа е апсурдно, како што јасно се гледа од примерите во Либија, Јемен и Египет“, додал сирискиот претседател.Асад ја критикувал и одлуката на Велика Британија на бунтовниците во Сирија да може да им се испрати дополнителна помош, доколку станува збор за неубиствени воени средства.„Како можеме да очекуваме намалување на насилството кога тие (Британците) сакаат да испратат воена опрема, а терористите не се обидуваат да покренат преговори меѓу Сиријците“, заклучува сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Макфакс Подготвен сум за дијалог со невооружената опозиција и немам намера да поднесам оставка, вели сирискиот пре

Пронајдете не на следниве мрежи: