Асаф Адеми поднесе оставка од фунцијата министер за култура

Асаф Адеми од политичката партија “Алтернатива“ денес информираше дека се повлекува од функцијата министер за култура од здравствени причини. На прес-конференција од партиското седиште тој рече дека оставката ја донел во консултација со претседателот на “Алтернатива“, Африм Гаши.
– Претседателот на партијата и пријателите од централниот комитет ја прифатија мојата одлука, но одлучивме да не го нарушуваме изборниот процес. Од ова политичко искуство, научив дека најважно во животот е образот. Јас денес не се срамам да стојам пред вас. Моето владеење беше чесно и транспарентно, останувам достапен на Антикорупциската комисија, изјави Адеми.
На новинарско прашање дали местото министер за култура останува во “Алтернатива“, Адеми рече дека останува, но премиерот Заев и Гаши дополнително ќе се договорат. Адеми ќе остане на функцијата додека не дојде новиот министер и рече дека ќе му стои на располагање, дополнувајќи дека неговата оставка не е врзана со чистката на Заев, туку за неа се разговарало изминативе 2- 3 месеци.
На функцијата министер за култура Адеми дојде во јуни 2018 година. По вокација тој е дипломиран градежен инженер, а во неговата биографија стои и дека бил амбасадор во Данска. Претходно, работел и раководител на урбанистички сектори во гостиварската Општина, а бил и менаџер на компанија која нуди услуги во областа на информатичката технологија.
Засега се уште е незивесно кој ќе седне на министерското столче во Министерството за култура.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.