„Аспиринот“ не им користи на сите

Мала доза „Аспирин“ на ден, како што се смета, им помага на оние што преживееле срцев удар, но резултатите од новото истражување покажуваат дека за другите луѓе лекот нема голема корист.
– Луѓето кои преживеале срцев или мозочен удар, може да имаат корист од „Аспиринот“. Тоа ја намалува опасноста од повторување на ударот, и е препорачливо, смета д-р Холи Андерсон од Презвитеријанската болница во Њујорк.


Кај пациенти со умерен ризик од срцеви проблеми, сознанијата покажуваат дека „Аспиринот“ не им користи, веројатно зашто претходно користеле други лекови.
– Ризикот од срцеви проблеми со времето се менува и тоа делумно зависи и од нас, односно од начинот на кој ги контролираме некои од причните и симптомите, истакнува д-р Мајкл Гасијано.
Според новото испитување на Европското кардиолошко друштво, коешто опфатило над 15.000 лица кои имаат дијабетес, забележана е зголемена опасност од обилно крварење.
– Утврдивме дека опасноста од крварење порасна за 30 отсто, поради што веднаш се оди в болница. Воглавно, тоа се случува во стомакот, очите и мозокот. Ако се работи за око, тоа може да Ви го загрози и видот, предуппредува Џејн Армитдиџ од Универзитетот Оксфорд.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.