Аспиринот прави чуда за вашата коса: Ако се користи на овој начин, косата ќе ви биде посјајна, погуста и без првут

Наместо да трошите пари на скапи шампони и препарати, испробајте некои од природните решенија. Доколку имате масна коса, коса без сјај или често ви се јавува првут, уште денеска започнете да користите аспирин.
Аспиринот може да ги отстрани вишокот маснотии од косата, правејќи ја мека, сјајна и бујна. Многу жени имаат позитивно искуство со отстранувањето на првутот кога користеле аспирин. Тој дава брзи резултати, со оглед на тоа што не продира длабоко во влакното, туку делува површински. Се верува и дека познатата актерка Џенифер Анистон го користи овој начин за беспрекорно одржување на фризурата.
Еве како можете да користите аспирин за коса:
Издробете 2-3 аспирина, додајте ги во маската и оставете ги да делуваат 15 минути.
Можете издробените таблети аспирин да ги додадете и во шампонот, да ги втриете во косата и да почекате 2-3 минути да делуваат. Потоа, измијте ја косата и продолжете со вообичаената рутина за нега.
Оваа постапка повторувајте ја еднаш неделно, но не почесто од тоа за да не дојде до оштетување на косата. Исто така, не се советува примена кај оние дами кои имаат тенка, кршлива и сува коса.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.