сабота, 28 ноември 2026
Најново

Атанасовски: Урбаните проблеми во Македонија се како од земја од третиот свет

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Аналитичарот Благојче Атанасовски денеска во емисијата посветена на Локалните избори на ТВ21 истакна дека живееме во држава во која 80% од урбаната популација се уште има проблеми со атмосферската канализација, неасфалтирани улици, проблеми од тип на немање на водоснабдување, осветлувањето, проблем со амбиенталниот воздух.

„Се соочуваме со се уште невидени проблеми за држава која е членка на НАТО алијансата и која вели дека заслужува да ги почне преговорите со ЕУ, а се соочува со тип на урбани и комунални проблеми од локален карактер за некоја земја карактеристична од третиот свет“, вели Атанасовски.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Поврзани вести