Атина, Рим и Лондон потврдија дека се убиени заложниците во Нигерија

 Седумте странски заложници, коишто нигерските исламисти ги грабнаа од градилиште во февруари, се убиени потврдија во неделата грчкото, италијанското и британското министерство за надворешни работи.Исламистичката милитантна група Ансару поврзана со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда објави во саботата дека ги егзекутирала заложниците грабнати на 7-ми февруари во сојузната држава Баучи, на север од Нигерија, додавајќи дека тие се убиени бидејќи нигериските и британските сили се обиделе да ги ослободат.Обидите за преземање операции за ослободување на заложниците ги негираа засебно грчкото, италијанското и британското министерство за надворешни работи, но се потврдува дека заложниците се убиени.„Министерството за надворешни работи со тага соопштува дека според достапните  информации се покажува дека е мртов грчкиот државјанин кој беше киднапиран на 16-ти февруари од трористичка организација во Нигерија…“, се наведува во соопштението на грчкото министерство за надворешни работи, објавено на интернет страницата на ресорот.„Спроведена е проверката (на информациите за убиството –з.р) со другите инволвирани земји… Станува збор за брутален терористички чин, кој италијанската влада остро го осудува и за кој не може да се најде никакво оправдување“, се вели во писмената изјава на италијанското министерство за надворешни работи.Шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг соопшти дека станува збор за „брутална и ладнокрвна егзекуција за којашто одговорноста ја носат само терористите“.Претходно во саботата исламистите од Ансару потврдија дека ги убиле седумте заложници кои беа киднапирани на 17-ти февруари во северниот дел на Нигерија. Заложниците беа грабнати од градилиштето на либанската компанија „Setraco“ и покрај по еден државјанин на Велика Британија, Грција и Италија, во заложништво беа земени и по двајца сириски и либански работници.Исламистичката группа Ансару којашто дејствува во североистокот на Нигерија, се смета за една од гранките на опасната осламистичка терористичка групација Боко Харам, којашто ја презема одговорноста за најголемиот број смртоносни терористички напади врз христијаните и странските работници во Нигерија, којашто се залага за воведување на шеријатското право во земјата.
Макфакс Седумте странски заложници, коишто нигерските исламисти ги грабнаа од градилиште во февруари, се убиени по

Пронајдете не на следниве мрежи: