Холивудската актерка Џејми Ли Кертис на својот Инстаграм на кој ја следат преку два милиони луѓе од цел свет се пофали дека добила подарок од Атиџе.
-Изненадување. Директно од изворот. Атиџе ми остави тегла. Ветив „Половина за мене, половина за нив“. Во случајот кои се тие „нив“? Најслаткиот подарок и најчистата приказна. Ако сѐ уште не сте го гледале „Медена земја“, одете! – напиша таа под фотографијата со подарокот.
Уште пред доделувањето на Оскарите, Кертис на своите профили на Инстаграм и на Твитер ги напиша впечатоците за документарниот филм „Медена земја“. Актерката беше воодушевена од филмот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.