Атиџе со Оскар во рацете би било победа за добрината, скромноста и човечноста

Си го повторив „Медена земја“ по втор пат. Го гледавме заедно со мојата едно и пол годишна ќерка која умно седеше и беше воодушевена од работите кои ѝ се познати: за неа Атиџе е баба (а, бабите и се омилени), имаше мало маче, „бабата плаче и пее“, деца викаат, многу „мууу“ кравички и мед.
Бев изненадена бидејќи „дете како дете – не седи мирно повеќе од 10 минути“, но еден час уживавме во приказната за медот заедно.
Атиџе е симбол на сето она што треба да биде секој од нас. Таа е силна, храбра, праведна.
Атиџе е вредна и исполнителна. Со големо, топло срце. Скромна душа.
Грижлива и трпелива.


Колку од овие карактеристики имате вие и луѓето околу вас?
Атиџе денес е на врвот на светот. Ние можеме само да сонуваме да се најдеме во Долби театарот.
Сакам Атиџе да блесне на сцената за да докажеме дека не секогаш се потребни „врски“ за да се добие нешто. Дека не секогаш политиката може да ги „замрси“ работите. Атиџе со Оскар во рацете би било доказ дека победила скромноста и човечноста.
Нејзината искрена насмевка и добрина го освојува светот.
Нејзината радост е бесценета.
Да бидеме сите „повеќе“ Атиџе – светот би бил поубаво место за живеење.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.