Атлетик Билбао во финалето на Купот на кралот



Фудбалерите на Атлетик Билбао се пласираа во финалето на шпанскиот Куп на кралот, откако го совладаа Атлетико Мадрид со 3:0 во реваншот на домашен терен.

Баскијците победија со 1:0 во првиот меч во Мадрид, а во финалето на 6-ти април на стадионот „Ла Картуха“ во Севиља ќе играат против Мајорка, која претходно го елиминираше Реал Сосиедад.

Атлетик победи со головите на Инаки Вилијамс во 13. минута, неговиот помлад брат Нис Вилијамс во 42. минита и Горка Гуруузета во 61. минута.

Баскискиот тим 23 пати го освојуваше Купот на кралот, но последен пат беше во 1984 година, додека Мајорка беше победник во 2003 година.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: