Атрактивна Бугарка која краде по автобуси се заглави при обид да побегне – низ прозорец!

Неверојатен инцидент се случил во градски автобус во Солун, каде главна улога има Бугарка која оперирала крадејќи од патниците. Како што јавуваат грчките медиуми, инцидентот се случил во автобус на на авенијата Василисис Олгас. Во автобусот се качила жена од Бугарија, добро облечена со уреден изглед, русокоса, слаба и со релативно ниска висина.

На мајка ѝ се заканува затвор, зашто го пуштила 10 годишниот син сам да се прошета
Британи Патерсон ја раскажала својата приказна за американските медиуми и рече дека моментално се бори против обвинението за несовесно однесување, поради што може да биде осудена …
Македонците живеат 10 години помалку од Швеѓаните, Австралијците, Швајцарците…! Прашањето е зошто!?
Табела од која се гледа дека Американците најкратко живеат во споредба со граѓаните од другите развиени земји, а најмногу трошат на здравствена заштита во споредба со …

Жената влегла во автобусот на постојката Аналипса и неколку секунди подоцна се обидела да украде паричник од женска чанта, но била забележана.

Возачот веднаш штом го забележал инцидентот го запрел автобусот и жената веднаш го вратила паричникот на сопственичката. Потоа се обидела да најде време и да побегне преку полуотворениот прозорец во задниот дел од автобусот и се обидела да избега преку него бидејќи вратите на автобусот биле затворени.

Патниците се обиделе да ја спречат и да ја задржат, но жената була упорна и на крај некако успеала да го напушти автобусот трчајќи во непознат правец. Зад неа го оставила капчето кое го носела, кутија цигари и две запалки.

За инцидентот веднаш била известена полицијата која започнала претреси во околината за нејзино лоцирање. Погледнете го неверојатното видео:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.