Омажена жена која работела како наставничка во Оклахома е обвинета за одвратни дела и испраќање голи фотографии на 15-годишен ученик. Ема Дилејни Хенкок (26), поранешна учителка во училиштето Велстон, почнала да му праќа пораки на малолетникот во октомври 2022 година.
Преписката започна кога наставничката на ученикот му испраќала пораки каде било наведени домашните задачи. Но, по неколку недели тинејџерот на наставничката и испратил своја полугола фотографија.
Хенкок одговорила: „Дали сега испраќаме полуголи слики? на што тинејџерот напишал: „Да, може да праќаме?“. Таа тогаш му рекла дека може да остане без работа, пишува Дејли Мејл.
Таа е мажена за Началникот на полицијата
Во обвинението се наведува дека по оваа размена, Хенкок и тинејџерот почнале почесто да разменуваат голи фотографии и видеа од сексуални активности, а во два наврати се бакнувале и се допирале додека биле во училница.
Во обвинението се наведува и дека 15-годишникот во еден момент му кажал на својот пријател за врската со Хенкок. Кога друг ученик ја прашал дали е вистина, таа прво негирала, но потоа признала.
Наводно му рекла на ученикот дека врската не е проблематична бидејќи нема да бидат фатени.
Хенкок е омажена со началникот на градската полиција, Алфред Хенкок. Таа беше обвинета за недолично однесување кон малолетно лице и поттикнување сексуални активности.
Наставничката се појави на суд во четвртокот, а потоа плати кауција за да остане на слобода во очекување на судењето.
Пронајдете не на следниве мрежи: