На пратениците Коциќ и Здравковски за 8 месеци им се исплатени 309.143 денари за патни трошоци.
– Борбата за позиција во законодавниот дом на избраниците од народот е важна единствено за да се обезбедат средства без малку респект и соочување со проблемите на народот.
Деновиве на сите страни излегуваат информации колку троши политичката елита во време на светска криза и раснење на цените. Додека народот се мисли како да купи леб, голем број на државни функционери наплаќаат огромни суми за трошоци…
Лесно стекнатите привилегии кои функцијата ги носи е многу тешко да се откажат, со оглед на досегашната практикувана вештина на празнење на буџетските средства по основ на патни трошоци.
Велешките пратеници Ненад Коциќ и Игор Здравковски не се исклучок од таа пракса и на име на патни трошоци за месеците од јануари до август 2022 година, од буџетот имаат искеширано 309.143денари(Коциќ 158.917 , Здравковски 150.226), со што е очигледна нивната “загриженост ” за ударот од кризата врз стандардот на народот и заедно учествуваат во имплементирање на мерки кои предвидуваат кратење од студенти, земјоделци и останати категории кои не вклучуваат функционери.
Единствено пратениците на Левица како досегашната пракса останаа доследни на своите принципи и ветувања и како анти-естаблишмент партија искешираа точно нула денари за патни трошоци.
Додека на избраниците од народот од редот на СДС и ДУИ единствено откажување од патните трошоци е само на хартија како ветување уште од 2017 год, а кога требаше да се крене рака и да се даде поддршка за укинување на патни трошоци по предлог на Левица, тогаш сложно си ги држеа рацете спуштени долу, со што нивната сплотеност за осигурување на своите дополнителни приходи останува врвен приоритет.
Економско – енергетска криза и мерки за штедење само по грбот и буџетот на народот, напишаа од Левица на Фејсбук.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.