Именуван во чест на поранешниот германски лидер, Унона Адолф Хитлер освои мнозинство од гласовите и освои место во советот на регионот Ошана.
Во интервју за германски Bild, намибискиот Хитлер вели дека за разлика од неговиот злогласен имењак, тој нема амбиции да завладее со светот. Тој за Билд кажал дека името му го дал неговиот татко. „Очигледно мојот татко не сфатил кој бил Адолф Хитлер“, кажал тој.
Овој 54-годишен Намибиец, освои 84,88 отсто од гласовите во округот Омпунџа во регионот Ошана, на северот на Намибија.
Хитлер ја започнал својата политичка кариера во партијата Свапо, со која победи на актуелните регионални избори.
Вели дека, кога бил дете, името било сосема нормално, сè додека не пораснал и дознал чие име носи.
„Со тие нешта кои ги правел тој човек чие име го носам немам никаква врска“, вели тој.
Во јавноста повеќе настапува како Адолф Унона и го испушта Хитлер.
Вели дека името не може да го смени бидејќи се наоѓа во сите негови официјални документи.
„Сега за тоа е доцна“, додава тој, укажувајќи дека името Адолф во Намибија, поранешната германска колонија, било сосема вообичаено.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.