петок, 27 ноември 2026
Најново

Адолф Хитлер победи на локални избори во Намибија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Именуван во чест на поранешниот германски лидер, Унона Адолф Хитлер освои мнозинство од гласовите и освои место во советот на регионот Ошана.

Во интервју за германски Bild, намибискиот Хитлер вели дека за разлика од неговиот злогласен имењак, тој нема амбиции да завладее со светот. Тој за Билд кажал дека името му го дал неговиот татко. „Очигледно мојот татко не сфатил кој бил Адолф Хитлер“, кажал тој.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Овој 54-годишен Намибиец, освои 84,88 отсто од гласовите во округот Омпунџа во регионот Ошана, на северот на Намибија.

Хитлер ја започнал својата политичка кариера во партијата Свапо, со која победи на актуелните регионални избори.

Вели дека, кога бил дете, името било сосема нормално, сè додека не пораснал и дознал чие име носи.

„Со тие нешта кои ги правел тој човек чие име го носам немам никаква врска“, вели тој.

Во јавноста повеќе настапува како Адолф Унона и го испушта Хитлер.

Вели дека името не може да го смени бидејќи се наоѓа во сите негови официјални документи.

„Сега за тоа е доцна“, додава тој, укажувајќи дека името Адолф во Намибија, поранешната германска колонија, било сосема вообичаено.

Поврзани вести