Без Албанците нема да има Македонија. Ова го изјави лидерот на Демократската унија за интеграција, ДУИ, Али Ахмети по средбата во Тирана со албанскиот премиер Еди Рама.
За потребата од измени на Уставот на Република Македонија, Али Ахмети го рече следново: Уставните измени не му штетат на македонскиот идентитет, напротив, го зајакнуваат.
Средбата во главниот град на Албанија ја организираше Еди Рама, кој ги покани претставниците на сите албански партии од Македонија. На средбата присуствуваа Али Ахмети, Африм Гаши, Мендух Тачи и Арбен Таравари.
Според Ахмети, „средбата со премиерот Рама поминала во позитивен и братски дух“. „Иднината на двете земји е во ЕУ. Предизвиците со кои се соочуваат двете земји се заеднички. Оваа фаза е многу тешка“, нагласи Ахмети.
По повод големата миграција на младите од Македонија и Албанија во европските земји, лидерот на ДУИ порача дека „стандардите на двете земји треба да се усогласат со оние на земјите од ЕУ“.
Ахмети додаде дека „без Албанците нема да ја има Македонија“.