Ахмети го победи Вучиќ, проевропските сили не може да ги запрат македонско-српско-руски врски

ВМРО-ДПМНЕ не ги штеди своите српско-руски врски за да им помогне на дериватите на ДУИ во опозицијата инспирирана од Мицкоски, вели пратеникот од ДУИ Арбер Адеми. Според него, српскиот претседател Александар Вучиќ се ангажирал да се замеша во изборите во Македонија преку личните контакти со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Али Ахмети го има победено Вучиќ, поддржувачот на Милошевиќ, во војната што ја предводеше заедно со Хашим, Рамуш, Кадри, Реџеп, Адем и Хамза Јашари, Фехми и Џева Ладровци. Фронтот на проевропските сили не може да го запре ниту една македонско-српско-руска врска од помош на дериватите на ДУИ во опозиција“,

пишува Адеми во објавата на Фејсбук.

Реакцијата на Адеми следува по изјавата на срспкиот претседател Вучиќ кој кажа дека косовскиот премиер Албин Курти се обидува да ги победи ДУИ и Али Ахмети и да владее со Северна Македонија.

„Сака да владее и со Северна Македонија. Да, сериозно, сака да ги победи Али Ахмети и ДУИ за да владее во Македонија по мајските избори“,

рече Вучиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.