Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, зборуваше за можни промени во Владата. Тој рече дека го цени чекорот на Арбен Таравари, за кој рече дека разбрал оти владата е антиалбанска.На прашањето дали ќе има соработка со Таравари, тој рече дека оваа ситуација ќе биде преиспитана доколку тој ја напушти Владата.„Ќе бидат повикани сите партии од Фронтот и ќе се разгледа друга ситуација.Секако, го цениме храбриот чекор на Таравари, кој многу рано сфати дека оваа влада не е ништо повеќе од антиалбанска влада. Стратегија во оваа насока сè уште не е изградена.“„Можеби дури и ќе си замине. Но, ова се прашања на Таравари. Тие не се прашања на Демократската унија за интеграција, ниту на Европскиот фронт, тие се внатрешни прашања што г-динот Таравари ќе ги насочува и управува“, рече меѓу другото Ахмети.Тој најави дека ДУИ во текот на неделата ќе ги повика највисоките партиски тела и ќе одржи состанок.
Пронајдете не на следниве мрежи:



