Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, пред Уставниот суд изјави дека овој треба да ги отфрли 13-те иницијативи за укинување на албанскиот јазик, како што рече, тоа ќе биде мудра одлука. Ахмети кажа дека таму не се собрале да се тепаат, туку да го слушнат гласот на разумот.
„Денеска овој едностран суд мора да ги отфрли 13-те иницијативи за сузбивање на албанскиот јазик. тоа би била нивната најмудра одлука бидејќи таму се етнички чисти, без присуство на поголемите албански заедници и третата турска заедница. Сакаме мир, стабилност, дојдовме тука како семејство. Не дојдовме ни да се судриме, туку да го слушнеме гласот на разумот, рече Али Ахмети.
Тој додаде дека овој ден го потсетува на 1989 година, кога Слободан Милошевиќ ја потисна автономијата на Косово.