Али Ахмети вели дека документот потпишан од сите лидери на албанските политички партии во Македонија пред изборите, дека нема да се формира влада без спроведување на уставните измени, е прекршен од лидерите на ВЛЕН, пишува ТВ21.
„Јас барем не сум познат како лажго во јавното мислење, бидејќи потписниците на тој договор, се сите денес и таму, оние кои се откажаа од овој договор и го прекршија овој договор. Од сите овде кои е со мене, никој од нив не е потписник, потписниците се таму во ВЛЕН и тоа воопшто не го испочитувале“, изјави Ахмети.