Ахмети со честитка за Божиќ: Искрени желби за здравје, мир, бериќет и бескрајна добрина во вашите домови

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по повод празникот Божиќ, ги пренесе своите искрени желби за здравје, мир, бериќет и бескрајна добрина во вашите домови.

„Почитувани сограѓани од православна вероисповед,

Во овие празнични моменти кои ги доживувате со вашите најблиски по повод празникот Божиќ, ви ги пренесувам моите искрени желби за здравје, мир, бериќет и бескрајна добрина во вашите домови.

Нека секогаш е подадена раката на милосрдието, помирувањето и помошта еден кон друг.

Среќен Божиќ!“ – стои во честитката на Ахмети.

Пронајдете не на следниве мрежи: