Претседателот на Демократска унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети на терен во Тетово под мотото „Заедно за ЕУ“ меѓу другото упати порака до граѓаните.
Тој вели дека бил, е и секогаш ќе биде ангажиран во одбрана на каузата на Македонците.
„Јас сум бил, сум и секогаш ќе бидам ангажиран во одбрана на каузата на нашите сограѓани Македонци, нивниот идентитет, јазик и култура….“, вели Ахмети.
Тој додава дека токму затоа сега сакаат да отворат нова сцена, проевропски фронт, што го забрзува нашето членство во Европската Унија.
„Овој фронт е помош што го забрзува нашиот пат кон ЕУ, кој мобилизира кон уставни измени. Овој фронт мора да работи и за нашите македонски сограѓани“, порача Ахмети.
Извор: ТВ 21