Ацо прошетаниот “ГРАДСКИ” КУРНАЗ ОД ВЕЛГОШТИ

Неговата „нашетаност“ предизвика разни реакции, од смеење на глас до присетување на неговите колеги како всушност Ацика се шетал по светов, ама прво преку Скопје. 
Овој охриѓанец ми е колега од факултет, заедно студиравме политички студии на “Јустинијан Прима.” Од меѓуградски автобус друго немаше видено. Во Скопје одеше пеш со километри секојдневно. Градскиот автобус му беше скап, а такси во Скопје му беше мисловна именка. Дојде партиски наметнат од ДПМНЕ како претседател на Унија на средношколци на Македонија за да после стане претседател на УМС на ВМРО ДПМНЕ. Му беше ментор на најголемиот антиталент во политиката Самоил Малчески.
И двајцата имаа проневерено поголема сума на пари од студентските здруженија па се разидоа, за да Ацо (така го викаме Александар Николоски) го форсира прво во средношколската организација а после и во студентските организации својот прв братучед Сашо Стефаноски од Охрид. Кога молеше за бонови да јаде во мензите на студентските домови е посебна приказна. Колку беше прошетан Александар се сеќавам на еден семинар тоа време организиран од Институтот за демократија во Струмица кога беше фасциниран од Струмица и од палмите што беа посадени за време на првиот градоначалнички мандат на Зоран Заев.
Скромниот хотел од три ѕвезди на “шетаниот” Александар му беа посебна фасцинација. А кога сме веќе и кај дел од неговата култура редно е и да ги спомнам и шамарите кои “ги доби” од исто така наша колешка на студентска забава во импровизираната тогаш дискотека на студентска забава во Студентскиот дом “Стив Наумов” во Автокоманда по неговото неславно и насилно “пуштање.” 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.