Аја Софија во Истанбул повторно ќе стане џамија?

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека постои можност поранешната црква Света Софија (Аја Софија) во Истанбул, која сега е музеј, по локалните избори закажани за 31 март да стане џамија.
Византиската црква Света Софија изградена во 537 година за време на Отоманското царство во 1453 година е претворена во џамија, а во 1935 година во музеј.
Аја Софија се наоѓа на списокот на светскoто културно наследство на Организацијата на Обединетите Нации за образование, култура и наука (УНЕСКО).

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.