Паметен телефон со екран без рамка е сè уште само сон, иако тие рамки стануваат се потенки и потенки. Компанијата Apple наводно со години соработувала со компаниите LG Display и Samsung Display на развој на екран без рамка за iPhone, но се уште не е блиску до фазата на производство.Apple првично сакаше да претстави iPhone со дисплеј без рамка во 2025 или 2026 година, но новиот извештај од Јужна Кореја вели дека тоа нема да се случи бидејќи технологијата сè уште не е подготвена.Apple сака да го задржи рамниот екран, но со закривени рабови. Концептот неодамна крена голема прашина меѓу кинеските производители на дисплеи, а извештајот вели дека компанијата сака да направи нешто слично на дизајнот на екранот на својот Apple Watch. Во секој случај, гигантот од Купертино не планира да има заоблен екран со изобличување на рабовите.Се чини дека Apple има конкретна идеја за тоа што сака, но очигледно сè уште не може да се имплементира во масовно производство, па сонот за iPhone без рамка на екранот веројатно ќе треба да почека барем до 2027 година.
Пронајдете не на следниве мрежи: