Депилаторките од ВМРО со фризерките од СДСМ ?

Како обичен неопределен посматрач на целокупната ситуација во целата наша мала државичка која што бескрајно ја сакам , ми се гади од се. Сакам да споделам нешто со вас.
Сте почуствувале ли таков срам кога гледаш што се случува , јасно ти е ,се срамиш а ти како единка со ништо не си придонел за сево ова? 
Е драги мои така јас се чуствувам кога го гледам Нашиот Градоначалник Петре Шилегов кога на напад и аргументирано прашање, одговара А ВИЕ? Добро зашто ветувавте подобро? Нели слоганот беше ДОЈДЕ ЖИВОТ ?
Ние крадеме ама они повеќе крадеа ! го преправивте у меѓу време ?До кога ќе ја вртиме истата плоча?

(Веста е во продолжение)
Двата тендери во вредност од 200.000 евра на Јавното сообраќајно претпријатие(ЈСП), кои добија фирми регистрирани на една иста адреса, беа во фокусот на советничките прашања на седницата на Советот на Град Скопје што се одржа вчера. Едниот тендер се однесува на избор на фирма која ќе изработува електронски картички, додека другиот за давање на консултантски услуги на ЈСП. За советниците на ВМРО-ДПМНЕ е спорно што едната фирма е регистрирана еден месец пред објава на тендерот, а другата само седум дена и тоа на иста адреса.
-Како фирма стара еден месец дознала за набавката и со кое искуство другата од седум дена постоење ќе дава услуги? Сакавте да скриете дека дадовте тендер од 200.000 евра. Како ќе ги изработат картичките за една недела, кога претходната фирма “Телеком тоа го правела за еден месец,побара одговор советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ирена Попова, која ги повика надлежните иституции да го проверат случајот за да се расчисти сомнежот.Наместо директорот на ЈСП, кој беше на службен пат, изборот на фирмите го оправдуваше градоначалникот Петре Шилегов, кој посочи дека се е законски.“Со законските измени вашата партија дозволи на тендер да учествува една фирма, нешто со што јас лично не се согласувам. На тендерот се пријави една фирма за консултантски услуги и таа е избрана. Претходниот тендер за консултантски услуги го добил салон за убавина, депилаторка давала консултантски услуги. На претходната фирма и се исплатени 3,9 милиони евра за четири години. Ако сметате дека има криминални дејствија да пријавите, јас ќе дојдам со вас во Јавното обвинителство#, одговори Шилегов.За тендерот со електронските картички Шилегов објасни дека на тендерот се пријавиле три фирми меѓу кои и “Телеком”. Понудата на Телеком за изработка на картичките била 130 денари, а претходно наплаќала 100 денари или за 30 проценти дала поскапа понуда. Втората фирма дала понуда од 125 денари и третата која е избрана е најевтината од 120 денари, посочи градоначалникот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.