Бабичка му побара милостина и нема да ви се верува што направи тој

Денес се шетав низ градот и сретнав бабичка која бараше милостина со натпис „Гладна сум, помогнете ми, ве молам!“.
Појдов до неа и ја прашав што би сакала да јаде, а таа ми одговори: „Било што сине, само да ме најаде и да ме држи до утре“. Јас, онака луд, веднаш отидов до дуќанот и купив најразлични намирници, од јајца, тесто, брашно, масло, јогурт, млеко, па се до крпи и папучи.


Излегов од продавницата носејќи седум ќесиња. Бабичката кога ме виде потстана и додека цврсто ме гушкаше, ми се заблагодаруваше со солзи на очите ми ја кажа крунската реченица: „Јас го молев да ми се појави некаков спас, некоја надеж, и тогаш се појави ти. Сега моли го ти за нешто што ти треба“
Се насмеав и ја испратив до нејзината куќа, а кога ја видот останав во чудо. Куќата само што не се срушила, кровот ги покрил прозорите, ќерамиди речиси и да немаше. Влегов со неа и и’ кажав, госпоѓо од утре почнуваме со реновирање на Вашата куќа, а таа само молчеше и плачеше.
Еве сега сум на кафе кај пријателот и се договараме што ни е потребно за да ја реновираме нејзината куќичка.
Инаку, млади момци сме и имаме 20 години.
Луѓе не плашете се да им помогнете на другите, бидејќи доброто со добро се враќа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.