Бадемовото млеко можеби и не е толку здраво колку што многумина сметаат

Бадемовото млеко стана доста популарен вид растително млеко. Само минатата година на светско ниво се потрошени скоро 1,3 милијарди евра за тоа. Сепак, според некои стручњаци, тоа можеби и не е толку здраво колку што многумина мислат.
Според списанието „Хелт“, присуството на протеини и јаглени хидрати во незасладеното бадемово млеко е прилично мало (во една чаша). Сепак, тоа може да варира во зависност од тоа колку бадем содржи одредено млеко. Со други зборови, некои производи содржат повеќе бадеми од други, што е еден од факторите што влијаат на потенцијалните придобивки за здравјето.
Наједноставните незасладени сорти содржат само две состојки: вода и бадеми. Содржината на витамини и минерали може значително да варира ако се додадат повеќе состојки. Некои производители го збогатуваат бадемовото млеко со калциум за да го направат подобро од кравјото млеко. Витамините Д и Б-12 исто така може да се најдат во него.
Количината на шеќер и вкусови на чоколадо и ванила варираат поради различните производители. Една чаша може да има дури 12 грама додаден шеќер, што е половина од препорачаната дневна доза шеќер, за жени, според упатствата на Американското здружение за срце.
Некои производи од бадемово млеко содржат и желатин и сончогледово масло. Во некои случаи, производителите исто така ставаат и протеински прав од жолт грашок, а корисниците обично не размислуваат доволно за состојките. Поради оваа причина, читањето на сè што е напишано на пакувањето е многу важно.
Веројатно ќе треба да пробате неколку видови бадемово млеко додека не го пронајдете оној кој најмногу ви одговара. Треба да се бараат производители кои користат едноставни и препознатливи состојки. Притоа, и опциите со пониска концентрација на бадеми може да имаат некои придобивки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.