Баерн Минхен јако кешира од продажбата на заштитните маски

Баерн јако кешира од продажбата на заштитните маски

Заштитните маски кои во продажба ги пушти Баерн Минхен предизвикаа голем интерес кај навивачите на овој клуб. Тие, како што може да се види погоре, се дизајнирани во клупските бои.  Најавено е дека парите од продажбата Баерн ќе им ги проследи на здравствените установи.

За само 24 часа Баерн Минхен продале околу 100.000 заштитини маски. Дизајнот беше претставен пред неколку дена. Очигледно тој им се допаднал на фановите.

Една маска чини 6,95 евра. Може да се купи и пакување со три маски, сите со различен дизајн кое се продава по цена од 17,95 евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.