Новито германски фудбалски шампион Баер Леверкузен го победи во саботата тимот на Аугсбург со 2:1 на домашен терен во последното колои стана првиот тим во историјата на Бундеслигата кој завршил цела сезона без пораз.
Тимот на Чаби Алонсо кој брка тројна круна, исто така, го продолжи својот европски рекорд без пораз во сите натпреварувања оваа сезона на 51 натпревар.
Виктор Бонифас му ја „пресече“ топката на голманот на Аугсбург, Томаш Кубек за водство на Леверкузен во 12. минута, пред Роберт Андриш да ја удвои предноста од непосредна близина во 27. минута. Аугсбург ја намали негативата со голот на Мерт Комуро.
Леверкузен, кој ќе се соочи со Аталанта во финалето на Лига Европа во среда, а исто така ќе се бори со Кајзерслаутерн во финалето на Купот на Германија на 25-ти мај, заврши на првото место со 90 бодови, 17 пред второпласираниот ВфБ Штутгарт.
Андреј Крамариќ постигна три гола во победата на Хофенхајм на домашен терен против минхенски Баерн (4:2). Крамариќ најпрвин во осмата минута му асистираше за погодок на Макс Баер, а потоа го постигна својот прв во 68. минута и уште два гола во 85. и 87. минута.
Баварците инаку водеа со 2:0, а на крајот завршија трети, а во Лигата на шампионите се пласираат Штутгарт и Лајпциг, како и Борусија Дортмунд, која го победи Дармштад со 4;0, а Марко Ројс постигна гол во последниот натпревар за „црно-жолтите“.
Коелн, кој беше поразен со 4:1 кај Хајденхајм, испадна од лигата, додека Бохум жќе игра во плејофот за опстаник со третопласираниот клуб од Втората лига. Унион Берлин се спаси откако на домашен терен го совлада Фрајбург со 2:1 со голот на Јаник Хаберер во 92. минута, откако тој налета на топката по промашениот пенал на Кевин Воланд. Пред тоа пенал во првото полувреме промаши и Јосип Јурановиќ.