Следат неколку факти поврзани со сексот кои можеби не сте ги знаеле:
1. Дневно во светот се случуваат околу 100 милиони оргазми.
2. Бакнувањето е здраво, размената на слуз ја намалува појавата на кариес.
3. Бакнувањето гори калории, дури 26 во една минута, што значи дека со 10 минути бакнување топите половина хамбургер.
4. Ако жената има главоболка, ќе ја излекува со секс, но само ако доживее оргазам. Истражувањата покажале дека во текот на оргазам се испушта ендрофин кој ја намалува болката.
5. Во кревет се топат калории и се губи на тежина. Ако имате интензивен секс во траење од половина час со кој горите околу 150 калории, за 7 до 8 пати месечно годишно ќе изгубите околу 1,5 кг.
6. Ако размислувате за секс и повеќе пати во текот на денот, вие сте сосема нормални. Околу 54% од мажите и 19% од жените во текот на денот помислуваат на секс повеќе од еднаш.
7. Ако се прашувате во кои земји има најмногу секс, еве ги податоците годишно – Американците 124, Грци 117, Индијци само 76 пати, а најмалку заинтересирани се Јапонците само 36 пати годишно.
8. Во светот годишно се трошат од 6 до 9 милијарди кондоми. Повеќето од нив се произведени во Тајланд (три милијарди).
9. Како уште може да се користат кондомите – војниците во Втората Светска војна ги користеле за прекривање на цевките од пушките за да ги заштитат од вода додека пливале. Денес се користат и за заштита на ултразвучни сонди при преглед на простата кај мажите низ ректумот и кај жени при вагинален ултразвук.
10. Топ-категории од 100 интернетски поими за пребарување секоја година се и оние поврзани со секс, како на пример, порно, цицки, девојки, голотија и слично секогаш се на највисоките позиции.